5
Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, јавно кажа дека сака да замине од Сан Сиро и да почне ново поглавје во својата кариера.
Во Милан почнаа да се случуваат големи промени, но за почеток тоа беа во стручниот штаб и раководните структури. Сепак, јасно е дека ќе има значителни измени и во играчкиот кадар.
Еден од оние кои ќе заминат веројатно ќе биде и Рафел Леао кој јавно кажа дека сака да си оди.
„Горд сум на историјата која ја направив во Милан, но сакам ново поглавје. Се чувствувам подготвено да играме во друга лига“, вели Леао за португалските медиуми.
„Го дадов најдоброто од мене за Милан, но време е за промени“.