48
Денеска на програмата се три баражи за Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), еден натпревар се игра утре.
Во Кратово ќе се сретнат Саса и Еуромилк Горно Лисиче, во Кочани играат Кожув и Борец, а во Штип Победа Валандово и Камјани.
Утре на програмата е дуелот меѓу Тетекс и Влазними, тој натпревар се игра во Ѓорче Петров.
Победниците од овие четири дуели во идната сезона ќе играат во Втората лига, поразените ќе бидат третолигаши.
Баражи за Втора лига:
Сабота
Каменица Саса – Еуромилк Горно Лисиче
Кожув – Борец
Победа Валандово – Камјани
Недела
Тетекс – Влазними
Сите мечеви започнуваат од 16:30 часот.