Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, по вчерашниот пријателски меч имаше убави зборови за македонската фудбалска репрезентација.
Босанците синоќа настапија со комбиниран состав, Барбарез шанса им даде на сите репрезентативци. Мечот заврши без голови 0-0.
За нив тоа беше и последниот дуел пред заминувањето за САД каде ќе одиграат уште некој контролен меч пред почетокот на Светското првенство.
„Не можете никого да потцените. Се гледа дека Македонија има искусна репрезентација и знае што прави. Се надевам дека ќе продолжат по својот пат, имаат нов селектор, неколку нови играчи. Не е лесно и едноставно по крај на сезона. Им ја посакувам цела среќа на светот да имаат успешна приказна“, кажа Барбарез.
Македонија во понеделник од 19 часот ѝ гостува на Турција.
Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine