Тажна вест го погоди хрватскиот фудбал откако на само 19-годишна возраст почина младиот фудбалер Матија Враниќ, кој настапуваше за јуниорскиот и сениорскиот тим на Дуга Реса 1929, клуб кој се натпреварува во шестиот ранг на хрватскиот фудбал.
Од клубот преку објава на Фејсбук се простија од младиот фудбалер со емотивни зборови.
„Со огромна тага и тешко срце ве известуваме дека ноќеска трагично нè напушти нашиот пријател, играч на јуниорите и сениорите, Матија Враниќ.
Зборовите не можат да ги опишат шокот и болката што ги чувствуваме во овие моменти. Во овие најтешки мигови, управата на НК Дуга Реса 1929, сите соиграчи, стручниот штаб и навивачите изразуваат најдлабоко и најискрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на нашиот Матија.
Нашите мисли и молитви се со вас“, порачаа од клубот.