Oфицијално: Најдобриот стрелец во историјата на Луксембург потпиша за Вардар!

by Стефан
1 минути читање

Вардар попладнево и официјално го промовираше новото засилување за нападот, Жерсон Родригес, фудбалер кој низ кариерата често беше во центарот на вниманието и поради случувања надвор од теренот.

Станува збор за 31-годишен офанзивец роден во Португалија, кој настапува за репрезентацијата на Луксембург. Во националниот дрес има 72 настапи и постигнато 23 гола, со што e најдобар стрелец во историјата на луксембуршката селекција.

Иако поседува неспорен квалитет, Родригез во минатото знаеше да влезе и во контроверзии поради својот карактер и темперамент, па останува да се види како ќе се вклопи во редовите на „црвено-црните“ во претстојната сезона.

Родригез потпиша едногодишен договор со можност соработката да биде продолжена и на дополнителна сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×