Фокусот не е само на големи ѕвезди, Манчестер јунајтед се засилува со двајца играчи од втора лига

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека „ѓаволите“ ова лето сакаат да ја зголемат ротацијата со помлади играчи кои постепено ќе се развиваат и ќе станат важен дел од иднината на клубот.

Манчестер јунајтед веќе го договори Едерсон од Аталанта како прво засилување за Мајкл Керик, а се очекува да пристигне уште едно звучно име во средниот ред.

Но како што пренесува Дејли Мејл, фокусот нема да биде само на големи ѕвезди.

„Ѓаволите“ сакаат да ја зголемат ротацијата со помлади играчи кои постепено ќе се развиваат и ќе станат важен дел од иднината на клубот.

Па Манчестер јунајтед мерка фудбалери од втора лига, и во бележникот се играчи како Шеј Чарлс (среден ред) од Саутемптон и Бен Нелсон (централен дефанзивец) од Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×