Голем удар за Ливерпул, еден од најдобрите играчи беспари го напушта клубот

by bojan
1 минути читање

Неколку извори од „островото“ објавија дека пропаднале преговорите помеѓу „црвените“ и Ибрахима Конате па дефанзивецот беспари ќе го напушти „Енфилд“.

Медиумите од Англија пишуваат за голем удар за Ливерпул, клубот од „Енфилд“ ќе остане без еден од најдобрите играчи и тоа беспари.

И покрај тоа што во април месец се најавуваше дека Ибрахима Конате ќе стави потпис на нов договор, последните информации велат дека пропаднале преговорите помеѓу „црвените“ и дефанзивецот.

Па Французинот ќе го напушти клубот кога ќе му заврши актуелниот договор на 30. јуни.

Ова ќе значи и дополнителни непланирани инвестиции за засилување на одбраната, во моментов Ливерпул како опција за централниот дел на дефанзивата го има Вирџил ван Дајк како главен столб, плус Џо Гомез, летното засилување Габриел Леони (кој долго ќе биде отсутен поради тешка повреда на коленото) и новото засилување од Рен, Жереми Жаке.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×