Ливерпул ја смени одлуката, ќе го задржи еден од најискусните и следната сезона

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул решил да не го продава Алисон Бекер и бразилскиот голман ќе остане на „Енфилд“ и следната сезона.

Сериозен интерес за Алисон покажуваше Јувентус. Сепак, италијанскиот клуб не сакал да ги плати бараните 15 милиони евра, по што англискиот гигант ги прекинал преговорите.

Во клубот сметаат дека искуството на Алисон ќе биде важно за тимот на Арне Слот доколку остане на клупата. На „Енфилд“ се загрижени бидејќи Ѓорѓи Мамардашвили не ги оправдал целосно очекувањата сезонава.

Заедно со капитенот Вирџил ван Дајк, Бразилецот ќе биде еден од лидерите на Ливерпул, а клубот веќе планира следното лето да бара ново долгорочно решение на голманската позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×