Енди Робертсон најде нов клуб во Премиер лигата

by Стефан
0 минути читање

Енди Робертсон и следната сезона ќе настапува во англиската елита, но како нов фудбалер на Тотнем.

Шкотскиот репрезентативец остана без договор со Ливерпул по завршувањето на сезоната, а клубот од Лондон најбрзо реагираше и успеа да го обезбеди неговиот потпис.

Интерес за искусниот лев бек покажа и Јувентус, но Робертсон сепак реши да остане во Англија и да ја продолжи кариерата во редовите на Тотнем.

Контактите меѓу двете страни започнале уште во јануарскиот преоден рок, а трансферот доби поддршка и од новиот тренер Роберто Де Зерби, кој седна на клупата во финишот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×