Челси не го пушти Педро, па Флик сега има нова желба од Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Барселона летово планира да ја засили екипата на повеќе позиции, но една од посакуваните цели нема да се реализира, откако Челси категорично ја отфрли можноста за продажба на еден од своите клучни играчи.

Каталонскиот гигант беше заинтересиран за Жоао Педро, меѓутоа лондонскиот клуб јасно ставил до знаење дека тој не е на продажба и останува важен дел од проектот на „сините“.

По ваквиот развој на настаните, тимот на Ханси Флик брзо го пренасочил фокусот кон нова цел, а како главна желба сега се споменува Ентони Гордон од Њукасл Јунајтед.

Гордон со своите настапи на „Сент Џејмс Парк“ привлече големо внимание, а покрај Барселона, интерес за него покажуваат и неколку премиерлигаши, како и германскиот гигант Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×