177
По заминувањето од Реал Мадрид, искусниот Дани Карвахал донел конечна одлука околу својата иднина. Шпанецот потврдил дека нема намера да стави крај на кариерата и дека сигурно ќе продолжи да игра и следната сезона.
„Ќе продолжам да играм, тоа е 100% одлучено. Ќе ги разгледам понудите и ќе видиме каде ќе одам“, изјавил Карвахал.
По долгогодишниот престој во Реал, каде освои сè што можеше да се освои, сега останува да се види кој ќе биде следниот клуб во кариерата на еден од најтрофејните десни бекови во европскиот фудбал.