286
Нови детали за хаосот во Милан откриваат дека атмосферата во клубот со месеци била далеку од идеална.
Според информациите на новинарката Моника Коломбо од „Кориере дела Сера“, главен проблем бил нарушениот однос меѓу Златан Ибрахимовиќ и Масимилијано Алегри.
Тензијата меѓу двајцата кулминирала во ресторан, каде дошло и до физичка пресметка. Наводно, ситуацијата морал да ја смирува Игли Таре за да не дојде до уште поголем инцидент.
Италијанските медиуми пишуваат дека лошите односи во структурата на клубот директно се одразиле и врз резултатите на тимот, по што на крајот била донесена одлука Алегри да добие отказ.