Навивачите на Волфсбург збеснаа поради испаѓањето, еден фудбалер поминува низ пекол

by Стефан
1 минути читање

Вчера беше тежок ден за навивачите на Волфсбург. Нивниот клуб испадна од Бундеслигата по 29 години, а дел од навивачите вината ја насочија кон еден играч, Јоаким Меле.

Данецот доби црвен картон во 14. минута и со тоа значително ја отежна работата на својот тим. „Волците“ ја испуштија предноста против Падерборн и по продолженија го загубија натпреварот, а со тоа и статусот на бундеслигаш.

Клубот се огласи и застана во одбрана на својот фудбалер, кој, како што наведуваат, се соочил со сериозни непријатности.

„Разочарувањето и болката во овој момент се многу длабоки и меѓу навивачите, и меѓу вработените, како и во самиот тим. Во вакви моменти критиките, гневот и дебатите се дел од фудбалот. Но она што го доживува Јоаким Меле се лични напади, навреди, па дури и закани, и тоа ја преминува секоја граница.

Нашето испаѓање не е вина на еден играч. Тоа е последица на разочарувачка сезона во која потфрливме како клуб. Сите ја делиме одговорноста. Јоаким Меле даде сè за овој клуб. Но грешките се дел од фудбалот. Она што не смее да биде дел се личните напади и заканите.

Стоиме зад Јоаким и го осудуваме секој вид на омраза и насилство“, стои во соопштението на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×