Фудбалерите на Падерборн изборија пласман во Бундеслига откако по продолженија го совладаа Волфсбург со 2-1.
Падерборн така се враќа во германската елита по шест години чекање, додека Волфсбург за првпат по 29 години ќе игра во Втора Бундеслига.
Гостите шокантно го отворија натпреварот и поведоа уште во третата минута преку Џенан Пејчиновиќ, но домаќините успеаја да се вратат пред крајот на првото полувреме. Филип Билбија во 38. минута погоди за 1-1 и ја најави драмата во продолжението од средбата. Еден од клучните моменти се случи во второто полувреме кога Јоаким Меле за само три минути заработи два жолти картони и го остави Волфсбург со фудбалер помалку.
Бројчаната предност Падерборн ја искористи дури во продолженијата, а херој на вечерта беше Лаурин Курда кој во 100. минута постигна гол за големо славје и историски камбек во Бундеслигата.