103
Екипата на Вардар денеска и официјално му посака добредојде на Кристијан Фабијани кој го наследува Гоце Седлоски.
Седлоски со Вардар ја освои титулата, а како што беше и претходно најавено сега ќе продолжи да ја извршува само селекторската функција.
Вардар преку социјалните мрежи денеска му посака добредојде на Аргентинецот кој во новата сезона ќе има задача да ја брани двојната круна, но претходно Вардар го чекаат и европските квалификации.