79
Џенаро Гатузо не остана доследен на изјавата што ја даде по преземањето на селекторската функција на Италија. Иако тогаш порача дека ќе се повлече далеку од јавноста доколку не ја одведе репрезентацијата на Светското првенство, само неколку месеци по неуспехот веќе е пред нов ангажман во Серија А.
Според информациите од Италија, Гатузо е во завршна фаза од преговорите со Лацио и наскоро би можел официјално да биде претставен како нов тренер на римскиот клуб.
Поранешниот стратег на Италија по елиминацијата изјави дека ќе се „скрие“ од јавноста ако не ја исполни целта, но наместо повлекување, кариерата ја продолжува токму во италијанскиот фудбалски елитен шампионат.