Каљари го шокираше Милан, Комо и Рома одат во ЛШ! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Вечерва во Италија се играа и последните натпревари од Серија А во кои ја добивме разврската во борбата за Европа во која без Лига на шампиони останаа Јувентус и Милан, а во европската елита се пласираа Рома и Комо.

Сите четири екипи влегоа со шанси за топ четири, а на крајот Милан кој беше трет падна дури на шестата позиција поради поразот од Каљари со 2-1. Тоа го искористија Комо и Рома кои беа подобри од Кременозе и Верона.

Верона веќе беше испадната уште пред денешниот дуел, па така Рома лесно се справи со триумф од 2-0. Комо од друга страна играше против Кремонезе кој се бореше за опстанок во елитата, но го загуби своето место со поразот од 4-1.

Натпреварот на Јувентус почна подоцна поради пресметката на навивачите во Торино, меѓутоа „старата дама“ поради послабиот меѓусебен дуел од Комо и со победа би останала на петтата позиција.

Така од Италија во Лигата на шампионите наредната сезоанa ќе играат: Интер, Наполи ,Рома и Комо, додека во Лига Европа одат Јувентус и Милан, а Аталанта се избори за место во Конференциската лига.

Во Серија Б се преселија Пиза, Верона и Кремонезе.

Резултати:

Милан – Каљари 1-2

Кремонезе – Комо 1-4

Лече – Џенова 1-0

Верона – Рома 0-2

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×