Од цела Европа, само Шкупи сезоната ја заврши без победа

by riste
1 минути читање

Поранешниот македонски шампион, Шкупи, заврши една срамна сезона исполнета со негативни рекорди, ужасни бројки кои рушеа рекорди не само во Македонија, туку и во Европа.

Шкупи е единствениот тим оваа сезона во Европа кој заврши без победа. Чаирчани испаднаа како последнопласирани со само еден освоен бод.

Дополнително, Шкупи урна и македонски рекорд, заврши како тим со најмногу примени голови во една сезона. Вкупно 130. Досегашниот рекорд го држеше Брегалница Делчево со 124 примени голови во сезоната 2003/2004.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×