Бернардо Силва со плачење излезе на терен – го игра последниот меч за Сити! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Португалската фудбалска ѕвезда, Бернардо Силва денеска го игра последниот натпревар за Манчестер Сити, а разделбата со англискиот клуб ја дожвува со посебни емоции.

Силва од камерите беше забележан како плаче уште во тунелот од стадионот Етихад, пред да излезе на теренот.

Тој во Манчестер Сити е од 2017 година кога пристигна од Монако. Силва стана вистинска легенда на англискиот клуб.

Шестпати ја освои Премиер лигата, еднаш триумфираше во Лигата на шампионите, има три трофеи во ФА Купот и пет во Лига Купот на Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×