Ниту третиот тренер не го спаси Овиедо, па и тој доби отказ

by 24 фудбал
1 минути читање

Овиедо повторно ќе бара нов тренер откако шпанскиот клуб ја прекина соработката со Гиљермо Алмада по разочарувачката сезона во елитното друштво.

Уругвајскиот стратег не успеа да го задржи тимот во Примера, па клубот и официјално потврди дека двете страни се разделуваат по завршувањето на сезоната.

Алмада беше дури трет тренер на Овиедо сезонава. Кампањата ја стартуваше Вељко Пауновиќ, но српскиот тренер беше сменет по само осум кола. Потоа тимот кратко време го водеше Луис Кариљон, пред раководството да му ја довери задачата на Алмада.

Сепак, честите промени на клупата не донесоа резултатски напредок. Овиедо имаше тешка сезона и беше убедливо најслаб тим во лигата, а испаѓањето во понизок ранг го потврди уште неколку кола пред крајот на шампионатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×