Иднината на Килијан Мбапе во Реал Мадрид повторно е главна тема во европските медиуми, а од Англија пристигнуваат информации дека Челси подготвува спектакуларен обид за ангажман на француската ѕвезда.
Мбапе веќе две сезони е дел од „кралскиот клуб“, но и покрај добрите настапи сè уште нема освоено трофеј со Реал, што донесе големо незадоволство кај дел од навивачите. Во шпанската јавност често се појавуваат критики на негова сметка, а дури беше покрената и петиција за негово заминување.
Според „ТокСпорт“, Челси внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да тргне по еден од најголемите трансфери во поновата историја на фудбалот. Англиските медиуми тврдат дека Чаби Алонсо е голем љубител на квалитетите на Мбапе и верува дека Французинот би можел веднаш да го претвори лондонскиот клуб во кандидат за титулата.
Во меѓувреме, атмосферата околу Мбапе во Мадрид не е идеална. Иако на теренот прикажува висок квалитет, често се споменуваат проблеми со неговиот карактер и односот со соиграчите, а според дел од извештаите тоа создало тензии во соблекувалната.
Доколку навистина дојде до разделба, Реал Мадрид би можел да заработи околу 200 милиони евра од продажбата на францускиот напаѓач.