Мбапе со писмена изјава се вклучи во одбраната на Хакими во случајот за силување

by riste
0 минути читање

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе потпиша писмена изјава во која застана во одбрана на поранешниот соиграч од ПСЖ, Ашраф Хакими кој се соочува со обвиненија за наводно силување и сексуален напад.

Мбапе во документот доставен до истражните органи нагласил дека неговата претходна изјава од 2023 година не го инкриминира Хакими на ниту еден начин, а воедно појаснил дека фудбалерот никогаш не му кажал дека ја допирал оштетената.

Документот е доставен до надлежните органи и ќе служи како одбрана за мароканскиот фудбалер за случајот кој сè уште е во истражна фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×