Првата дама тренер во „топ пет“ лигите замина од Унион, ја наследи досегашниот тренер на Растодер и Тун

by 24 фудбал
1 минути читање

Унион Берлин и официјално го назначи Мауро Лустринели за нов тренер на тимот од следната сезона.

50-годишниот Швајцарец доаѓа на местото на Мари Луиз Ета, која привремено го презеде тимот во април по заминувањето на Штефен Баумгарт. Ета влезе во историјата како прва жена што водела машки тим во Бундеслига и во лигите од „големата петка“. Во пет натпревари на клупата на Унион Берлин забележа две победи, едно реми и два порази.

Лустринели зад себе има успешен период во Тун, кој го презеде во 2022 година. Во 2025 година го одведе клубот до титулата во втората швајцарска лига и обезбеди пласман во елитата, а веднаш во тековната стигна и до шампионскиот трофеј во швајцарската прва лига.

Во Тун искусниот стратег работеше со македонскиот репрезентативец Елмин Растодер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×