Пеп Гвардиола попладнево соопшти дека го напушта кормилото на Манчестер Сити по крајот на сезоната, но тој нема целосно да се раздели со „граѓаните“.
По десет години поминати на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се повлекува од тренерското столче на „граѓаните“ по крајот на сезоната.
Веста официјално беше потврдена денеска, но кружи веќе неколку дена, па имаше многу гласини за тоа каква ќе биде иднината на Шпанецот.
Имаше вести кои го поврзуваа со Саудиска Арабија, наводно му била понудена неверојатна плата од 90 милиони евра, а одредени информации пак велеа дека тој ќе одмори една година пред да му се врати на фудбалот.
Но Манчестер Сити тивко навести дека Пеп Гвардиола ќе има нова работа, нешто налик на онаа на Пеп Гвардиола во групацијата на Ред Бул.
„И покрај тоа што повеќе нема да биде тренер на Манчестер Сити, Пеп ќе остане дел од Сити Фудбал Груп како глобален амбасадор. Новата улога ќе помага со стручни совети за клубовите од групацијата и ќе биде вклучен во различни проекти и соработки“ – брифираа од Етихад.