Големи изненадувања на списокот на Англија, Тухел остави дома неколку ѕвезди (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Англискиот селектор Томас Тухел го објави списокот од 26 фудбалери за Светското првенство во САД, Канада и Мексико и на него има најмногу изненадувања од репрезентациите кои досега ги објавија своите состави.

Хари Мегваер уште претходно потврди дека нема да биде дел од составот, откривајќи дека е шокиран и изненаден од одлуката. Покрај него, надвор од списокот останаа и Кол Палмер, Фил Фоден и Трент Александар-Арнолд.

Тухел, според информации од англиските медиуми, пред да го финализира составот разговарал индивидуално со секој фудбалер, поради што дел од одлуките биле најавувани и пред официјалната објава.

Селекторот најави и дека на 1 јуни јавно ќе ги образложи изборите и критериумите за конечниот список.

Англија на Мундијалот ќе стартува против Хрватска на 17 јуни, а во групата ќе игра и против Гана и Панама.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×