Италијанската „Газета дело спорт“ пишува дека Милан планира значително да го засили и искуси својот среден ред, во кој како клучна фигура и понатаму би останал Лука Модриќ.
Според наводите, постои заедничка желба кај двете страни за продолжување на соработката, па се очекува хрватскиот ветеран да остане на „Сан Сиро“ и во наредната сезона.
Покрај него, Милан наводно е заинтересиран за ангажман на 31-годишниот Леон Горецка, кој наводно размислува за заминување од Баерн Минхен и нов предизвик во кариерата.
Ако овие трансфери се реализираат, „росонерите“ би добиле среден ред составен од Модриќ, Горецка и Адриен Рабио, тројка фудбалери со огромно искуство и освоени бројни трофеи.
Клучен фактор за ваквото сценарио ќе биде пласманот на Милан во Лигата на шампионите, кој би го отворил патот за амбициозниот проект на клубот.