Јувентус може да остане без тренер!

by Стефан
1 минути читање

Јувентус доживеа пораз од Фиорентина на домашен терен и така сериозно си ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите, бидејќи повеќе не зависи само од сопствените резултати пред последното коло во Серија А.

Во елитното европско натпреварување ќе обезбедат место четирите првопласирани екипи, а Јувентус во моментов е на шестата позиција. „Старата дама“ сега ќе мора да чека киксови на Комо, Милан или Рома, но и задолжително да слави против Торино во недела од 20:45 часот.

Италијанските медиуми пишуваат дека иднината на Лучано Спалети е под сериозен знак прашалник. Доколку тимот не заврши меѓу првите четири, тренерот би можел да го напушти клубот.

Дополнителна тензија, според информациите од Италија, создава и нарушениот однос со директорот Комоли, што дополнително влијае на конечната одлука на стратегот. Можно е разврската да биде позната веќе во понеделник.

„Ла Стампа“ објави дека Спалети е решен да поднесе оставка доколку Јувентус не избори место во Лигата на шампионите, иако постои можност управата да не ја прифати таквата одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×