Косовски Феризај како Шкендија, ги одби медалите по поразот во купот! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Дукаѓини триумфираше со 2-1 против Феризај во финалето на Купот на Косово, натпревар кој помина во тензична атмосфера и беше проследен со бројни инциденти.

Незадоволството кај фудбалерите и стручниот штаб на Феризај беше насочено кон судиските одлуки, па во еден момент тие револтирано го напуштија теренот. Претходно, на теренот имаше турканици и жестоки реакции меѓу играчите, а судиите со мака успеаја да го приведат мечот кон крај.

Кулминацијата на хаотичниот финиш следуваше по последниот свиреж. Играчите на Феризај слично како фудбалерите на Шкендија од ден претходно, одбија да ги примат сребрените медали и директно се упатија кон соблекувалната, откако претходно имаа комуникација со своите навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×