Девојката која сега е со Јамал пред три недели јавно искажуваше љубов на друго момче (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, повторно е во центарот на вниманието на шпанските медиуми поради случувања надвор од фудбалските терени.

За време на прославата на Барселона по освоените титули во Ла Лига и шпанскиот Суперкуп, Јамал се појави во друштво на својата нова девојка, Инес Гарсија, со што ја двојката ја потврди врската.

Инес Гарсија е инфлуенсерка од Севиља која најчесто објавува содржини поврзани со мода и животен стил. Иако претходно не била премногу позната во јавноста, интересот за неа значително пораснал откако беше поврзана со младиот фудбалер.

Дополнително внимание предизвикале и информациите дека Гарсија до неодамна била во друга љубовна врска. Наводно, само неколку недели пред да започнат приказните за неа и Јамал, таа јавно му изразувала љубов на своето тогашно момче преку социјалните мрежи.

Медиумите тврдат дека токму контактот со Јамал бил причина за прекинот на таа врска, по што инфлуенсерката наводно ги прекинала односите со поранешниот партнер и започнала да се гледа со фудбалерот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×