Селекторот на Томас Тухел утре се очекува официјално да го соопшти списокот на репрезентативци за претстојниот Мундијал, но веќе е јасно дека на него нема да се најде Хари Мегваер.
Дефанзивецот самиот потврди дека нема да биде дел од составот на Англија и призна дека одлуката го изненадила.
„Верував дека можам да имам важна улога за репрезентацијата ова лето, особено по добрата сезона зад мене. Искрено, бев шокиран и изненаден од ваквата одлука. Сепак, на тимот му посакувам успех“, изјави Мегваер за „Талкспорт“.
Во дресот на Манчестер јунајтед оваа сезона Мегваер одигра 22 натпревари во Премиер лигата, при што постигна еден гол и забележа две асистенции. Дополнително настапи и во ФА Купот, како и во Лига купот.
Англија на Светското првенство, кое ќе се игра од 11 јуни до 19 јули, ќе настапува во група со Хрватска, Гана и Панама.