Енрике Рикелме сака Јирген Клоп и Ерлинг Халанд да го предводат новиот проект на Реал Мадрид, и со овие две бомби ќе брка гласови во трката со Флорентино Перез за претседателската фотеља.
Во Реал Мадрид наскоро ќе има претседателски избори, и се најавува дека Енрике Рикелме ќе биде противкандидат на Флорентино Перез.
Младиот бизнисмен забрзано работи на прибирање на потребните финансиски средства за кандидатура, но во исто време го склопува и проектот со кој ќе се обиде да ги добие гласовите.
Тој подготвува вистински „дрим тим“ со Јирген Клоп на клупата и Ерлинг Халанд како нова мегаѕвезда на теренот.
Енрике Рикелме верува дека со овие две имиња може повторно да внесе еуфорија меѓу навивачите и започнување нова успешна ера на „Сантијаго Бернабеу“.