„Панцерите“ ги открија адутите за мундијалот во САД, Мануел Нојер се врати во репрезентацијата, а има и уште неколку чудни избори на селекторот Јулијан Нагелсман.
Германија го објави составот за Светското првенство, Мануел Нојер иако се повлече од репрезентацијата пред две години, се најде на конечниот список.
Се очекува тој веднаш да се најде во стартниот состав, нешто што не му се допаѓа на Оливер Бауман, кој бранеше во квалификациите, но сега ќе мора да се помири само со место на клупата, се говори дека голманот на Хофенхајм е прилично разочаран од одлуката на Јулијан Нагелсман.
Лерој Сане доби повик и покрај тоа што е под голем знак прашалник поради повреда, а повик добија и Максимилијан Бајер од Борусија Дортмунд и Надием Амири од Мајнц, кои не беа дел од последните прозивки.
Составот на Германија за СП 2026:
Голмани:
Оливер Бауман (Хофенхајм), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Александер Нибел (Штутгарт)
Одбрана:
Валдемар Антон (Борусија Дортмунд), Натаниел Браун (Ајнтрахт Франкфурт), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Давид Раум (РБ Лајпциг), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Нико Шлотербек (Борусија Дортмунд), Џонатан Та (Баерн Минхен), Малик Тиав (Њукасл)
Среден ред:
Леон Горецка (Баерн Минхен), Каи Хаверц (Арсенал), Ленарт Карл (Баерн Минхен), Џејми Левелинг (Штутгарт), Феликс Нмеча (Борусија Дортмунд), Александер Павловиќ (Баерн Минхен), Анџело Штилер (Штутгарт), Џамал Мусијала (Баерн Минхен), Надием Амири (Мајнц), Паскал Грос (Брајтон)
Напад:
Дениз Ундав (Штутгарт), Ник Волтемаде (Њукасл), Максимилијан Бајер (Борусија Дортмунд), Флоријан Вирц (Ливерпул), Лерој Сане (Галатасарај)
ФОТО: X/DFB-Team