Енцо Мареска во Манчестер Сити сака да донесе дури четворица фудбалери на Челси

by bojan
1 минути читање
Мареска

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Енцо Мареска мерка неколку фудбалери на Челси како засилувања во Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити, а на негово место ќе биде именуван Енцо Мареска, кој пак до крајот на минатата година беше на клупата на Челси.

Па стратегот сега сака на Етихад да донесе неколку играчи со кои соработуваше до пред неколку месеци.

Како што пренесува Мирор, на листата со желби на Енцо Мареска се Кол Палмар, Енцо Фернандез, Жоао Педро и Леви Колвин.

Тешко е дека Челси ќе сака да седне на маса и да преговара, особено што „сините“ сметаат дека Енцо Мареска зад грб им преговарал со Манчестер Сити, па дури и размислува да ги тужи „граѓаните“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×