90
На денешната прес-конференција селекторот Гоце Седлоски потврди дека Андреј Тодороски кој игра во одлична форма за Бачка Топола во иднина ќе биде во комбинација за настап.
Во овој момент тој не е дел од националниот тим поради административни пречки бидејќи го чека македонскиот пасош и кога ќе го добие ќе може да ја претставува Македонија.
„За Тодороски се чека да добие македонски пасош и секако дека е добредојден. Го следам и што побрзо добие пасош, толку подобро за нас“, изјави Седлоски.
На пет настапи за Бачка Топола, Тодороски сезонава има шест гола и една асистенција.