Седлоски јавно се извини за контроверзната прослава на Вардар

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на Македонија и тренер на Вардар, Гоце Седлоски денешената прес-конференција на која го објави списокот за дуелите со Босна и Турција ја искористи и да се извини за прославата на титулата која предизвика бурни реакции во јавноста.

Предовдникот на „црвено-црните“ се извини во свое и во името на целиот тим на Вардар.

„Би сакал во мое име и во име на сите играчи на Вардар, да се извинам на македонската јавност за песната што беше пеена со екипата во Струга“, рече Седлоски на почетокот на прес-конференцијата.

Ќе потсетиме, поради споменатата прослава ФФМ отвори и дисциплинска постапка против Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×