Скандал по Куп-финалето: Шкендија одби да ги прими медалите за поразениот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Нови сцени за осуда го одбележаа финалето од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, откако фудбалерите на тетовскиот клуб одбија да ги примат медалите за освоеното второ место.

По завршувањето на натпреварот и поразот од 1-0, играчите и стручниот штаб на Шкендија не се појавија на церемонијата за доделување на медалите, иако организаторот ги повикуваше да излезат на подиумот.

Наместо тоа, фудбалерите заминаа кон трибината каде што беа нивните навивачи и целосно ја игнорираа официјалната церемонија.

Финалето уште од самиот почеток беше проследено со тензии, откако дел од навивачите на Шкендија ја исвиркаа македонската химна пред стартот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×