Пеп Гвардиола реши да го напушти „Етихад“ по крајот на сезоната, а со него си заминува и еден клучен играч на „граѓаните“ – Родри.
Пеп Гвардиола постојано велеше дека има уште една година од договорот со Манчестер Сити, но оваа недела одекна „бомба“ и информација дека тој заминува по крајот на сезоната.
А како што пренесува Марка, со стратегот заминува и еден клучен играч на „граѓаните“ – Родри решил дека е време да стави крај на авантурата во северот на Англија и да направи трансфер.
Марка додава дека односот помеѓу Родри и Пеп била најголемата причина за Шпанецот толку години да му биде лојален на Манчестер Сити, но со заминувањето на стратегот, и тој на ум има промена на средината.
Фудбалерот од средниот ред подолго време е на радарот на Реал Мадрид и се верува дека „кралевите“ сега конечно ќе успеат да го убедат да го облече белиот дрес.