574
Oткако ја освои титулата во Првата лига, Вардар работи на комплетирање на тимот на за наредната сезона, па така откако вчера беше потврдено заминувањето на Фусник Сењор денекса стигнаа и четири нови договори.
Вардар ја продолжи соработката со голманот Методија Велковски кој во Вардар пристигна пред две години, а во кариерата беше дел уште од Силекс, Струга, Осогово и Кадино.
Покрај него потпишаа и фудбалерите од средниот ред Филип Дурански и Горан Закариќ, како и дефанзивецот Филип Мишковски.
Сите четворица се обврзаа на верност на уште една година.