Албанците одбраа нов италијански селектор!

by 24 фудбал
1 минути читање

Албанија доби нов селектор, репрезентацијата во иднина ќе ја предводи италијанскиот стратег Роландо Маран.

Искусниот тренер потпиша договор со Фудбалската федерација на Албанија до крајот на 2027 година и на клупата ќе го наследи Силвињо.

Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Федерацијата за укажаната доверба. Исто така му благодарам и на Силвињо за убавите зборови и за сè што направи со репрезентацијата во изминатите години. Внимателно ја следев Албанија и мислам дека е направена добра работа“, изјави Маран.

Во текот на кариерата Италијанецот работеше во повеќе клубови од Серија А и Серија Б, меѓу кои Бреша, Бари, Џенова, Каљари и Киево.

Албанија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство откако во баражот беше елиминирана од Полска со пораз од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×