Арсенал конечно ја врати титулата во Премиер лигата по повеќе од две децении чекање, а тимот на Микел Артета зад себе остави сезона исполнета со доминација и импресивни бројки.
Сезоната на „топчиите“ низ бројки изгледа навистина импресивно. Тимот на Микел Артета ги забележа следните успеси:
• 18 голови од корнери – нов рекорд во Премиер лигата
• 19 натпревари без примен гол за Давид Раја, кој повторно ја освои „Златната ракавица“
• 0.74 очекувани примени голови по натпревар, најдобар дефанзивен учинок во лигата
• 17 победи кога заедно стартуваа Габриел и Салиба
• 53 освоени бода против екипите од долниот дел на табелата
• 238 дена поминати на првото место во Премиер лигата
• 14 гола на Виктор Ѓокереш во шампионската сезона
• 8 победи со резултат 1-0
• Само на 2 натпревари Арсенал бил наттрчан од противникот
• Микел Артета со 44 години стана вториот најмлад тренер кој ја освоил Премиер лигата.
Последен пат Арсенал беше шампион во 2004 година. Тогаш „Непобедливите“ предводени од Арсен Венгер стигнаа до трофејот во Премиер лигата без пораз.