Вардар без двајца важни играчи против Шкендија, потврдено е и првото заминување

by riste
0 минути читање

Откако ја завери шампионската титула, Вардар се подготвува за последниот меч од сезоната, дуелот против Шкендија кој ќе се одигра во сабота.

На тој натпревар Вардар ќе биде ослабен во дефанзивата, нема да игра Маневски кој е повреден, има скршеница на стопалото, а мечот ќе го пропушти и Велковски кој има мускулна повреда.

Од клубот потврдија дека по повредата и операцијата во тимот се враќа Сековски.

Потврдено е и првото заминување, истече договорот на Фаустин Сенгор и неговиот престој во Скопје нема да биде продолжен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×