19
Челси со 2-1 го доби лондонското дерби против Тотнем кој до самиот крај на сезоната ќе стравува за опстанок.
Енцо Фернандез го отвори резултатот со гол во 18. минута, а во вториот дел тој беше асистент за Андреј Сантос кој зголеми на 2-0.
Тотнем на 15 минути до крајот успеа да намали на 2-1, но не можеше да постигне и втор гол и да се спаси од пораз.
Во последното коло Тотнем мора да освои барем бод против Евертон, во спротивно Вест Хем со победа над Лидс ќе се спаси, а Спарси ќе испаднат.