186
„Чеканите“ ќе мораат да ги продаваат најдобрите играчи доколку не обезбедат опстанок, а еден од првите кои ќе заминат ќе биде капитенот Џарод Боувен.
Вест Хем со една нога е во втора лига и само чудо може да им донесе опстанок во Премиерлигата.
Како што пренесува Гардијан, „чеканите“ ќе треба да приберат преку 100 милиони фунти од продажба доколку испаднат.
А еден од првите кои ќе одат на продажба е капитенот Џарод Боувен, за кого интерес пројавуваат Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед.
Интерес има и за Матеуш Фернандеш, кој е во бележникот на Арсенал, ПСЖ и Манчестер јунајтед, а се очекува на продажба да се најде и Крисенсио Самервил.