Медиумите од Италија пренесуваат дека Глеисон Бремер можеби го одигра последниот натпревар во дресот на „старата дама“, Ливерпул и Манчестер јунајтед се подготвени да ја платат неговата откупна клаузула.
Бразилецот заработи жолт картон против Фиорентина, неговиот петти оваа сезона, па ќе биде суспендиран за последното коло и локалното дерби против Торино.
Па пресметката против „виолетовите“ би можела да биде последна за Глеисон Бремер во дресот на Јувентус.
Неколку извори пренесуваат дека дефанзивецот е на радарот на Ливерпул и Манчестер јунајтед, кои се подготвени да ја платат неговата откупна клаузула.
Според договорот, Глеисон Бремер може да биде купен за 58 милиони евра во првите десет дена од август месец.
ФОТО: X/JuventusFC