Шкендија без капитенот во финалето на Купот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија ќе биде значително ослабена во утрешното финале од Купот на Македонија против Силекс, бидејќи нема да може да смета на Бесарт Ибраими. Искусниот напаѓач поради повреда отпадна од комбинација за настап на дуелот на арената „Тодор Проески“, а информацијата беше потврдена на денешната прес-конференција пред финалето.

Со тоа за Ибраими сезоната е предвреме завршена, што претставува сериозен удар за тетовскиот тим ако се знае неговото искуство и важност во офанзивниот дел од играта.

Тренерот Јетон Беќири сега ќе мора да бара нови решенија во нападот за натпреварот во кој Шкендија ќе се бори за трофејот против Силекс.

Финалето од Купот на Македонија се игра утре од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а в сабота на истото место Шкендија му гостува на Вардар во последното коло од ПМФЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×