Артета: Сè е можно во Премиер лигата…

by 24 фудбал
1 минути читање

Микел Артета беше задоволен по минималната победа на Арсенал против Барнли од 1-0, по која „топчиите“ се на чекор до титулата во Премиер лигата.

Сепак, според него, мора да се внимава до крајот и за дуелот со Кристал Палас е потребен вистински пристап. Артета нагласи дека сè е можно во Премиер лигата.

Уживање е да се види трансформацијата и начинот на кој сите вие го претворивте ова место во прекрасен свет за уживање во фудбалот. Ова е душата на фудбалот и на овој клуб, сите придонесовте за тоа. Бидете сигурни дека секогаш кога доаѓате на овој стадион, ние имаме обврска да го задржиме ова ниво бидејќи правите огромна разлика за нас и за играчите. Се гледаме на „Селхрст Парк“ и во Будимпешта. Знаевме дека нема да биде лесно поради значењето на натпреварот. Среќни сме, но тоа трае кратко и веднаш почнуваме повторно да размислуваме за следниот меч. Денес одигравме еден од најдобрите натпревари и можевме да дадеме уште два или три гола. Сѐ е можно во Премиер лигата. Ќе го гледаме натпреварот, но мораме и правилно да се подготвиме за Кристал Палас“, порача Артета.

Арсенал сега го очекуваат уште два клучни натпревари, гостувањето кај Кристал Палас за потврда на титулата и финалето од Лигата на шампионите во Будимпешта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×