Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука за повеќе ситуации во македонската Прва и втора лига.
Меѓу другото Дисциплинската комисија потврди дека е отворена постапка против Вардар за недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот.
Исто така клубот е казнет и со 1.000 евра за користење на пиротехника на навивачите и со .2.500 евра поради иста причина за дуелот со Силекс. Поради пиротехника казна ќе плати и Пелистер во износ од 2.5000 евра.
Шкендија од друга страна заработи казна од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло против Струга Трим Лум.
Останатите одлуки можете да ги прочитате – ТУКА.