Медиумите од „островото“ пренесуваат дека првиот човек на судиите, Хауард Веб му се извинил на Нотингем Форест, контроверзниот гол на Матеуш Куња требало да биде поништен.
Манчестер јунајтед вчера со 3-2 го совлада Нотингем Форест, но многу прашина се крена за голот со кој домаќините поведоа со 2-1.
Брајан Мбеумо со помош на раката ја смири топката, потоа биеше, гостите блокираа, но Матеш Куња прв стигна до одбиената топка и ја затресе мрежата.
Веднаш реагираа од ВАР собата, го повикаа судијата Мајкл Салзбери повторно да ја прегледа ситуацијата, но тој остана на својата првична одлука и го потврди голот.
Сепак, одлуката е погрешна, првиот човек на судиите, Хауард Веб денеска разговарал со Манчестер јунајтед и Нотингем Форест и ги известил дека голот на Куња требал да биде поништен.
Тој исто така им се извинил на „шумарите“ за грешката, но тешко дека тоа нешто ќе им значи.