Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид на Жозе Мурињо му предложил да биде ангажиран Родри како прво засилување ова лето.
Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, двете страни имаат вербален договор и соработката ќе биде официјализирана следната недела.
„Специјалниот“ сака да има збор кога се во прашање засилувањата, па како што пренесуваат медиумите од Шпанија, веќе е дискутирано на оваа тема и „кралевите“ го предложиле Родри како еден од приоритетите.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити е идентификуван како едно од првите имиња во новиот циклус на Реал Мадрид, треба да донесе стабилност, искуство и квалитет.
Чаби Алонсо уште минатото лето го советуваше Флорентино Перез да ангажира сличен профил на играч, негова прва желба беше Мартин Зубименди, а откако стана јасно дека тој ќе заврши во Арсенал, беше спомнато и името на Родри, но никогаш не беше купен ваков фудбалер.