19
Фудбалската федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба билетите за финалето од Купот на Македонија во кое ќе играат екипите на Силекс и Шкендија.
Финалето е закажано за 20 мај со почеток од 20:00 часот на арената „Тодор Проески“. Навивачите на Шкендија се сместени во блок 13 и блок 14, додека за кратовчани се резервирани блоковите 19 и 23.
За неутралните гледачи предвиден е блокот 18. Билетите можат да се купaт онлајн на eticket.ffm.mk (ТУКА) по цена од 400 ден.